ТАС С: Двајца новинари на Ројтерс ранети кај Северодонецк

од Nikola Popovski

Двајца новинари на Ројтерс се повредени денеска во украинското гранатирање кај Северодонецк на североистокот на земјата, потврдил за ТАС С извор од британската агенција.

Изворот од Ројтерс изјавил дека украинската армија го гранатирала патот и дека бил погоден автомобилот во кој биле новинарите.

„Мал фрагмент од шрапнел што го погоди ногата на Александар е отстранет и тој може да оди, а раката на Павел е скршена“, рекол изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болницата во градот Рубежноје.

Слични содржини