Тасев: Партнерски е да реагираме и да понудиме помош, не верувам дека САД и Иран ќе се смират

од Aleksandar Todeski

Ако ние не реагираме што би очекувале ако кај нас има такво нешто, вели комуникологот Никола Тасев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 коментирајќи ги случувањата помеѓу САД и Иран.

„Партнерски е да се реагира и да се понуди помош. Јас не верувам дека САД и Иран ќе се смират, ниту пак дека ќе има преголема ескапалција. До 1979 година беа соработници, си помагаа. По револуцијата и нападот на амбасадата на САД во Техеран, злото таму е посеано. Народот во Иран не може да смисли соработка со Американците, па колку тоа и да е добра соработка“, вели Тасев.

Според аналитичарот Благојче Атанасовски, НАТО има свет принцип, односно според членот 5, ако некоја земја е нападната, треба да се солидализираат со земјата сите членки.

„Освен што ние имаме придобивки од членството во НАТО, треба да бидеме свесни дека во еден турбулентен период, апсолутно ќе треба да дадеме наш придонес. Треба да сме свесни како да реагираме. Не треба да калкулираме дали да дадеме соопштение и како да реагираме. По официјализирање на полноправното членство во Алијансата треба активно да учествуваме во она што го тангира НАТО“, вели Атанасовски.

Слични содржини