Тасева: Изборите за шеф на ОЈО ГОКК требаше да ја вратат довербата во оваа институција

од Destan Jonuzi

Изборот на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција требаше да ја врати довербата во јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, затоа што таа беше сериозно нарушена, изјави во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Тв Телма, претседателката на „Транспаренси Македонија“ Слаѓана Тасева.

– Со право се поставуваат сите овие прашања и Јавното Обвинителство, Советот на јавни обвинители беа најповикани да обезбедат овој избор да помине без никакви прашања и сомнежи. Иако не треба веднаш да се сомневаме дека обивнителот ќе постапува во согласност со законот, сепак со право сите поставуваме прашања. со колкав интегритет пристапува на оваа функција, со колкаво искуство и колку има претходни познавања од оваа материја и не може да не добиеме одговор на овие прашања, смета Тасева.

Според неа, и покрај тоа, кај овој избор недостасувало прашањето за проверка на интегритетот.

– Со овој избор требаше да се врати довербата во јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, затоа што таа беше сериозно нарушена, посочува Тасева.

Слични содржини