Тасева за изјавата на Заев: Ставањето на високата корупција под тепих не оди во прилог на никого

од Stefanija Kuzmanovska

Ставањето на високата корупција под тепих или во случајов под заштита од високата политика не оди во прилог на никого, а најмалку на државата, затоа што треба да се развива и економски и политички, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл-Македонија а во врска со изјавата на премиерот Заев, дека нема политика кај министрите и директорите.

– Мислам дека оваа изјава е непримернаи дека премиерот не треба да се става во заштита однапред на она што се случува во високите ешалони на политиката и на власта. Такви примери има, такви случаи има и познати се во јавноста, но останува и понатаму проблемот на заробената држава, затоа што имаме судство за кое сме сведоци дека не функционира како и во Јавното обвинителство, каде не се избираат Обвинители со капацитет за вакви истраги, вели Тасева за ТВ 24.

Слични содржини