Тасева за случајот со Рашковски: Добро е што ОЈО отвори постапка по допрен глас

од Nikola Popovski

„За сите случаи како овој треба да се обрне внимание и да се посочи дека има некакво сомнение, кое што после може да се издигне на повисоко ниво за да понатаму се оцени дали ќе се води постапка“, изјави Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл во емисијата „Клик плус“, за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според неа, добро е што ОЈО решило да отвори постапка по допрен глас, за да проценат дали треба да води истрага понатаму.

Софтверот за сообраќајни прекршоци од компанијата Инвока груп чинел 81.000 евра, а Рашковски наводно го набавил без знаење и согласност на Министерството за внатрешни работи.

Рашковски патентирал сличен софтвер за сообраќајни казни пред да го купи од Инвока како генерален секретар на Владата.

Слични содржини