120
Не очекувам дека некој ќе понесе одговорност за она што се случи во МНТ кога навивачка група правеше прослава токму во тој објект, изјави вечерва актерот Сашо Тасевски во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.
„Како што не понесува одговорнот никој во оваа држава за ништо и не понесуваат одговорност за големи кривични дела, кои на некој волшебен начин тие дела исчезнуваат од државата преку ноќ и не може да им се влезе во траг, така ќе се случи и со ова. Никој нема да понесе одговорност“, додава Тасевски.
Тој смета дека за се треба да се понесе одговорност и дека на „суров и брутален начин“ била изиграна директорката на МНТ