Тасевски: Зголемувањето на заболените покажа дека партиски мотивираните насоки се одразуваат лошо на сите нас

од Vladimir Zorba

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски за Нова реагира на прозивките во јавноста околу одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата поради што се случи драматичен пораст на новозаболени.

Тасевски ги отфрла овие обвинувања и побара полицијата да биде ослободена од интересот на партиската политика.

„Јас не сум политичар, и затоа нема да се впуштам во преписки со времениот, технички министер. Само ќе го потсетам на неговите изјави дека полицијата нема да казнува и затоа храбро нека се соочи со последиците од таквите негови изјави. Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна.Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека тие партиски мотивирани насоки се одразуваат лошо на сите нас. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го корегираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните. Полицијата има единсвена задача, да ги заштити чесните и дисциплинирани граѓани, а да ги казни оние кои не ги почитуваат правилата. И тука не смее и нема да има простор за политичко-партиски калкулации“, вели Тасевски.

Слични содржини