Таше Трпчевски: Третите резултати во целото семејство се негативни, но ќе останеме во самоиозлација

од Aleksandar Todeski

Сопственикот на битолската клиника Плодност, Таше Трпчевски и неговото семејство немаат коронавирус, покажало последното испитување кое фамилијарно го направиле. Преку веб страницата на Клиниката, тој соопшти дека во саботата направиле уште едно тестирање, кое покажало дека никој од нив нема коронавирус.

„Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба. Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот резултат на д-р Христијан Трчевски, без двоумење, за доброто на сите нас и на нашите пациенти, одлучивме сите да заминеме во домашна самоизолација и да ни бидат земени врисеви за испитување.“, пишува доктор Таше Трпчевски во соопштението до јавноста.

Тој посочи дека во домот во кој живее петточлено семејство, односно тој со неговата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе биле тестирани од корона вирусот, потсетувајќи дека на неговиот син, докторот Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беило  трето тестирање.

„За радост на целото семејство, сите пет резултати кои пристигнаа вечерва, а беа земени во саботата, се негативни и сите сме во добро здравје. Ја споделуваме оваа радост со Вас, но и покрај негативните резултати, нашето семејство ќе остане во самоизолација. Секако и Болница „Плодност“ ќе биде подолнително третирана со дезинфициенти и отворена на 13 април. Им се заблагодаруцаме на сите кои не поддржаа во овите тешки моменти. Исто така, им се заблагодаруваме на епидемиолошкиот и инфектолошкиот тим на лекари од Битола, на чело со д-р Тони Коњановски, кои се грижеа максимално и ни даава поддрша и совети по неколку пати дневно“, пишува доктор Таше Трпчевски.

Слични содржини