Татко и повикува на мир, таа пали полициски автомобили: Уапсена ќерката на градоначалникот на Њујорк

од Vladimir Zorba

Додека градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио повикува на мир на улиците на овој град, се чини дека неговата ќерка е дел од демонстрациите.

Дваесет и петгодишната Кјара беше уапсена во саботата навечер, откако полицијата во Њујорк го прогласи собирот на демонстрантите во Менхетен за нелегален.

Ќерката на градоначалникот беше лишена од слобода заради блокирање на сообраќајот и одбивање наредба за напуштање на локацијата. Полициски извори за Њујорк пост изјавиле дека таа е уапсена на местото каде биле запалени полициски автомобили и каде се судриле демонстрантите и полицијата, пренесува Аваз.

Во моментот на апсењето, Кјара не кажала дека е ќерка на градоначалникот, но таа и ја дала на полицијата адресата на нејзината резиденција. Се верува дека е уапсена еден час пред градоначалникот да одржи прес-конференција во кој се заблагодарува за мирните протести, но исто така рече дека „време е луѓето да се вратат во своите домови“.

Откако доби наредба да се појави на суд, Кијара беше пуштена на слобода.

Слични содржини