Татко и син продавале наркотици

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение дека како соизвршители ги сториле кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија вечерва соопштија дека во координирана акција и извршен претрес, на 28 септември 2020 година, во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, пронајдени се 65 стебла од растението канабис сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана.

– Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое осомничените неовластено го држеле и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12 милиметри, се појаснува во соопштението.

Слични содржини