Таткото на Бритни Спирс: Моето старателство ја спаси од катастрофа, јавноста не знае се

од Nikola Popovski

Џејми Спирс, таткото на Бритни Спирс, тврди дека пејачката била „спасена од катастрофа“ со неговото старателство и дека јавноста всушност би го пофалила, а не оцрнувала, доколку знае колкава е нејзината зависност и менталните здравствени проблеми, пренесува „Дејли мејл“.

Џејми, кој неодамна се повлече од функцијата старател на пејачката, тврди дека нејзините борби со зависноста и психичкото здравје се многу посериозни отколку што е познато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Но, јавноста не знае се, и нема право да знаат, така што никој нема да се искупи пред господинот Спирс“, напиша Спирс во поднесокот поднесена до Врховниот суд на округот Лос Анџелес, претходно овој месец, објавија странските медиуми.

Во поднесокот, Џејми додаде дека од 2018 година, тој нема контрола врз медицинските одлуки на Бритни, вклучувајќи го и нејзиното затворање во ментална установа во 2019 година. Тој тврди дека неговата главна улога во третманот на неговата ќерка било само за да ги плати сметките.

„Нема сомнение дека старателството ја спаси г-ѓа Спирс од катастрофа, ја поддржа кога беше најпотребно, ја заштити неа и нејзината репутација и ѝ олесни да ја обнови својата кариера“, додаде таткото на пејачката.

Да потсетиме, Џејми Спирс неодамна се согласи да се повлече од својата долгогодишна улога како старател на неговата ќерка Бритни. Пејачката пред судот во Лос Анџелес во јуни рече дека старателството е злоупотреба и дека „сака да ѝ се врати животот“.

 

Слични содржини