Таткото на Федерер: Нема веќе да освои титула на голем турнир

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер го продолжи времето за опоравување по операцијата на коленото, а неговиот татко Роберт ги загрижи навивачите на Швајцарецот бидејќи не е оптимист дека прославениот тенисер може да освои нова титула.

Роџер Федерер го одигра последниот меч на Вимблдон, по што мораше да оди на нова операција на коленото и долго закрепнување.

Прославениот тенисер со нетрпение го чека враќањето, но свесен е дека на 41 година, покрај убавината што ја имаат неговите удари, потребна му е и форма која ќе биде голем проблем.

Враќањето е болна точка и за Роберт Федерер, таткото на Роџер, кој е свесен дека легендарниот ас можеби веќе нема шанси да освои титула.

Италијанските медиуми го прашаа постариот Федерер дали Роџер повторно ќе победи на некои од големите турнири, а одговорот е тажен, имајќи предвид дека е тениски гигант.

„Не, нема. Те молам не ме прашувајте тоа. Но, ќе видиме“, вели таткото на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Роберт откри и како Роџер ги поминува деновите без тенис.

„Добро е, тој во последно време е посветен на семејството. Позитивна работа е да отсуствуваш од тенисот. Се подготвува физички и полека се обидува да се врати во форма“, истакна постариот Федерер.

Сепак, отсуството може да му ја одземе титулата на Федерер како најдобар на сите времиња, бидејќи моментално тој, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал го делат бројот на Гренд слем титули (20).

Доколку не успее да се врати во вистинско светло, Новак и Рафа ќе имаат повеќе шанси конечно да стават крај на полемиката, а според резултатите од оваа сезона и формата на Надал, Ѓоковиќ е поблиску до тоа.

Слични содржини