Таткото на Меган Маркл доживеал мозочен удар

од Stefanija Kuzmanovska

Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс Меган Маркл, доживеа тежок мозочен удар, пренесува Daily Mail.

Томас (77) е фотографиран како го качуваат во амбулантно возило во Мексико, од каде наводно бил префрлен на лекување во САД.

Маркл доживеа мозочен удар само неколку дена пред да планира да отпатува во Лондон за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, каде што имал намера да се сретне со семејството.

„Потресен сум што морам да известам за ова само седум дена пред Томас да ми се придружи во Лондон за да ја прослави 70-годишнината на кралицата на тронот за ТВ специјална емисија во моето шоу GB News, исполнувајќи ја неговата долгогодишна желба да го посети замокот Виндзор“, објави британскиот новинар Ден Вутон.

„Меѓутоа, со суров пресврт на судбината, тој нема да може да тргне на пат додека се опоравува во болница, исто како што ја пропушти свадбата на неговата ќерка со војводата од Сасекс откако доживеа срцев удар. Дознав дека имал мозочен удар ова утро и се договорив со Томас и неговата ќерка Саманта да не известувам за веста додека тој не се подложи на дополнителни тестови за да се утврди сериозноста на мозочниот удар.

Имал проблеми со крвниот притисок

Маркл не можел да зборува по мозочниот удар и ќе биде задржана на лекување некое време. Порано имал проблеми и со крвниот притисок.

Слични содржини