Таткото на Меган Маркл нема да присуствува на свадбата?

од desk2

 

Британската кралска палата не потврди, ниту негираше дали таткото на Меган Маркл ќе присуствува на венчавката в сабота, односно дали ќе ја испрати ќерката до олтарот.

До венчавката остнаа уште три дена, а америкнаксиот магазин TMZ објави дека Томас Маркл нема да присуствува на неа затоа што наводно ги фотографирал подготовките за свадбата за една папарацо агенција.

Пишува и дека Томас Маркл пред шест дена доживеал срцев удар заради кој нема да дојде на венчавката, како и дека тој сам рекол дека не сака да ја посрами ќерка му и кралското семејство.

Кенсингтонската палата објави соопштение во кое истакнува дека принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл ја молат јавноста за разбирање и почитување.

„Ова е многу личен момент за госпоѓицата Маркл во деновите пред венчавката. Таа и принцот Хари бараат разбирање и почитување и за господинот Маркл во оваа тешка ситуација“, се наведува во соопштението од Кенсингтонската палата.

Портпаролот на крајслата палат ниту потврдил ниту негирал дали таткото на Меган Маркл ќе присуствува на венчавката, односно дали ќе ја испрати ќерката до олтарот.

Слични содржини