Таткото на Моника Конопова пријавил дека тој бил тепаниот, таа тврди дека самиот се удирал во ѕид

од Aleksandar Petrovski

Таткото на претепаната активистка Моника Ристеска-Конопова вчера во полиција пријавил дека таа го нападнала него со тврд предмет, наведено е во полицискиот билтен.

„Вчера во 11:30 часот во полициската станица Ѓорче Петров, 65-годишниот С.Р. од Скопје пријавил дека на 26 мај околу 21:30 часот во семејниот дом на улицата Антон Чехов, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од неговата 31-годишна ќерка М.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Инаку, Моника Ристеска претходно објави фотографии со повреди и крв на лицето и напиша дека била нападната од татко ѝ додека се упатувала кон кујната да земе храна. Таа објави дека татко ѝ, за кого вели дека е е алкохоличар, ја нападнал со тупаници и ја удирал со дрвено столче од што ѝ е скршен носот и изместена вилицата.

Пред два дена, пак, таа на Фејсбук напиша уште еден статус и вели дека нејзиниот татко намерно се удирал во ѕид.

„Пред да дојде полиција си ја лупал главата во ѕид, се самоповредил и глумел жртва, демек јас прва сум го нападнала, а тој мене од заседа ми се фрли“, напиша Моника.

 

Пред да дојде полиција си ја лупал главата во ѕид се самоповредил и глумел жртва демек ја прва сум го нападнала, а он мене ос заседа ми се фрли!

Публикувахте от Monique Konopova в Сряда, 27 май 2020 г.

Слични содржини