Таткото на Ријана откако таа ја потврди бременоста: „Ќе биде добра мајка“

од Vladimir Zorba

РОНАЛД ФЕНТИ, таткото на Ријана, проговори откако пејачката потврди дека чека бебе со момчето A$AP Rocky. Роналд истакна дека е многу задоволен од веста.

„Воодушевен сум. Скокав од радост! Ријана секогаш велеше дека сака да има деца, дека сака деца. Секогаш се грижи за децата на нејзините братучеди… Таа ќе биде добра мајка“, изјави тој за Page Six.

Роналд го запознал момчето на својата ќерка во декември 2020 година, кога пејачката го донела на нејзиниот роден остров на Карибите. Роналд тогаш го нарече Роки „многу кул човек“.

Инаку, Ријана и нејзиниот татко со години имаат проблематична врска. Минатиот септември пејачката се откажа од тужбата што ја поднесе против нејзиниот татко.

Таа го обвини дека го злоупотребил нејзиното име во корист на сопствената компанија, но се верува дека случајот бил решен вонсудски.

Слични содржини