Тажна вест во семејството на Сталоне: Почина мајката на славниот актер

од Aleksandar Petrovski

Мајката на славниот холивудски акционен херој Силвестер Сталоне (74), Џеки Сталоне почина на 99-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми. Деталите за смртта засега не и се познати на јавноста, но „ТМЗ“ пренесува дека таа „неодамна починала“.

Родена е како Жаклин Франсис пред 98 години во Вашингтон, а на само 15 години избегала од дома. Била опседната со вежбање и кревање тегови, па кога пораснала, отворила сала за жени.

Таа била една од креаторките на телевизиското шоу „G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling“, кое се прикажуваше во 80-тите години, и отсекогаш сакаше фитнес и женски натпревари во сила.

Сепак, нејзината најголема страст била астрологијата, па затоа напишала книга за тоа „Ѕвездена моќ: астролошки водич за успех“, објавена во 1989 година и која дури влезе и во училишната литература.
До смртта вежбаше и често објавуваше видеа на својот Инстаграм во кои крева тегови, а честопати истакнуваше дека се чувствува многу младо. Таа сакаше да изгледа што е можно помладо, па направи многубројни пластични операции, кои и го уништија изгледот.

Неодамна во едно интервју призна дека е свесна колку лошо изгледа поради сите операции што ги претрпела.

Слични содржини