Тажната вистина за Хари и Меган која беше откриена на погребот на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Иако целиот свет очекуваше дека смртта на кралицата Елизабета ќе влијае на Хари и Меган да ги закопаат секирите со Бакингемската палата и повторно да станат дел од семејството – тоа не се случи, а парот изгледаше поосамено од кога било за време на погребната церемонија на кралицата.

Имено, Хари и Меган беа на маргините во текот на целата поворка.

Дека не се надевале на тоа, потврдуваат и искрените солзи на Меган Маркл, која толку многу плачела што маскарата ѝ била размачкана по целото лице.

Хари јавно понижен

Хари, кој повторно беше јавно понижен од семејството ставајќи го во „ист кош“ со сексуалниот престапник принцот Ендру, не помина ништо подобро од Меган. Имено, додека останатите членови на кралското семејство во поворката што го следеше ковчегот шетаа облечени во војнички униформи, тие двајца одеа покрај нив во обични одела.

Тој детал не им избега на британските таблоиди, кои сугерираат дека ова појасно од кога било ја отсликува состојбата на нивното семејство.

Тие велат дека овој потег им ставил до знаење на сите дека принцот Ендру, кој е омразен поради сексуални навреди, и принцот Хари, омразен поради напуштањето на семејството и откривањето на неговите мрачни тајни, имаат еднаква позиција во очите на другите членови на кралското семејство.

Да потсетиме дека во текот на претходните денови имаше индикации дека Хари, неговата сопруга Меган и принцот Ендру биле непожелни.

Најпрво, на денот пред погребот, палатата ја објави рутата на поворката што ќе го следи ковчегот на кралицата, како и редоследот на луѓето во неа. Како што се очекуваше, на чело беа кралот Чарлс и неговата сопруга Камила, а потоа и помладите браќа принцовите Ендру и Едвард, како и сестрата Ана.

Бидејќи Вилијам неодамна стана принц од Велс и официјален наследник на круната, тој и Кејт Мидлтон – принцезата од Велс одеа зад децата на кралицата Елизабета.

Меѓутоа, следниот ред ја шокираше британската јавност и уште еднаш фрли сомнеж во односот на принцот Хари со остатокот од семејството.

Децата на Вилијам – принцот Џорџ и принцезата Шарлот – одеа пред Хари и неговата сопруга. Многумина го протолкуваа фактот дека Хари и Меган биле позиционирани зад нивните внуци како доказ дека семејството што го оставиле кога се преселиле од Бакингемската палата ги сметало за најмалку важни.

Слични содржини