Тејт останува во притвор, полицијата продолжува да бара докази

од Vladimir Zorba

Контроверзниот инфлуенсер и професионален кикбоксер Ендрју Тејт ќе помине уште најмалку 30 дена во притвор во Романија, одлучи романскиот суд.

Тејт, неговиот брат Тристан, како и две жени беа приведени на 29 декември 2022 година, под обвинение за вмешаност во трговија со луѓе и силување.

Токму поради овие обвинувања, полицијата ќе продолжи со потрагата по докази во следните 30 дена, додека судот изјави дека Тејт е премногу опасен за да биде ослободен предвреме.

Сепак, жените кои беа приведени заедно со Тејт, според новата одлука, ќе бидат во домашен притвор.

Поранешниот борец, кој во последните години го привлекува вниманието на бројни контроверзии и се здоби со статус на инфлуенсер, се појави пред судот во Букурешт во обид да се избори за ослободување од затвор на 10 јануари, но судот ја одби неговата жалба, па тој го чекаше продолжувањето на процесот во затвор.

Тој на 20 јануари ја обжали одлуката на судијата за продолжување на притворот за уште 30 дена, но жалбата беше одбиена.

Слични содржини