„Те сакам пријателе“: Ѓоковиќ објави емотивна порака посветена на Коби Брајант

од Nikola Popovski

Веста за смртта на Коби Брајант, Новак Ѓоковиќ ја дочека на Австралија опен. Српскиот тенисер потоа се расплака и одржа емотивен говор.

„Тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња, тој ме инспирираше мене и многу други. Имав среќа да имам одлична врска со него, тој ми даваше поддршка кога ми требаше, ми даваше совети, секогаш беше таму. Тој беше мојот ментор, мој пријател …“, објави тогаш Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер се сети и на својот добар пријател на 23 август минатата година, кога Коби можеше да го прослави својот роденден, а се сети на Брајант и на овој ден, кога го изгубивме пред точно една година.

Тој сподели фотографија на Инстаграм, на која стои заедно со него со краток опис на англиски и италијански јазик.

„Засекогаш Мамба. Те сакам пријателе“, напиша Ѓоковиќ.

На овој ден, Кобија се сетија и бројни други светски спортисти, кои ги споделија неговите слики и цитати преку социјалните мрежи.

Слични содржини