Тедрос: Со развојот на вакцините, светлината на крајот од тунелот станува сè посилна

од Vladimir Zorba

Со сегашниот развој на вакцини, светлото на крајот од тунелот КОВИД-19 станува сè посилно, рече во понеделникот Тедрос Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Гебрејесус, кој зборуваше на вебинар за коронавирус во Женева, даде оптимистичка проценка на развојот на вакцините, откако неодамнешните податоци покажаа дека биле пријавени повеќе случаи со КОВИД-19 во последните четири недели отколку во првите шест месеци од пандемијата.

Во исто време, тој предупреди дека „итноста со која се развиле вакцините мора да одговара на истата итност за да се дистрибуираат правично“.

„Со најновите позитивни новости во врска со испитувањата за вакцини, светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел станува сè посветла. Сега постои вистинска надеж дека вакцините, комбинирани со други докажани методи и мерки за јавно здравје, ќе помогнат да се запре пандемијата“, рече Гебреизус.

Тој истакна дека ниту една вакцина во историјата не е развиена толку брзо како што е сега.

„Научната заедница има нов стандард за развој на вакцини. Сега меѓународната заедница мора да постави нов стандард за пристап до вакцините“, рече првиот човек на СЗО.

Слични содржини