Техеран: Се зголемува бројот на жртви во поплавите

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во поплавите поради интензивните врнежи што ги зафатија областите во близина на Техеран, во Иран, се зголеми на 18, јавува „Анадолија“.

Шефот на Националниот кризен штаб, Хасан Нами, во изјава за државната телевизија рече дека едно лице загинало во селото Вескаре, источно од Техеран, а 14 возила останале под вода.

Потешка е состојбата во селото Мерздаран каде се поплавени неколку куќи, а имаше и одрон.

Нами рече дека досега се загинале шест лица, а спасувачките операции се во тек.

Уште две тела се пронајдени во селото Имамзаде Давуд, северозападно од Техеран, објави иранската студентска новинска агенција (ИСНА). Мурадипур додаде дека бројот на жртвите во селото Имамзаде Давуд е зголемен на осум, а потрагата по 19 исчезнати лица е во тек.

Иранскиот функционер додаде дека 700 жители се евакуирани и дека активностите за чистење се во тек.

Новинската агенција Тасним јави дека спасувачките екипи изутрината извлекле тела на три лица од реката Кан.

Се сомневаат дека се работи за исчезнатите лица во селото Имамзаде Давуд. Претходно беше соопштено дека шест лица загинаа во поплавите во Имамзаде Давуд.

Слични содржини