Техничкиот премиер Џафери ќе учествува на 60. Минхенска конференција за безбедност

од Radmila Tasevska
265 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од утре до 18 февруари учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува во Минхен.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на тридневната конференција, премиерот Џафери ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Фокусот на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција е на улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и во таа насока, на значењето на проширувањето на ЕУ, а во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Премиерот Џафери, за овие и за други актуелни прашања од значење за Република Северна Македонија и за регионот, ќе разговара и на предвидените билатерални средби со претставници на високо политичко ниво од Европа, регионот и светот.

Минхенската безбедносна конференција, се фокусира како на традиционалната национална или воена безбедност, така и на економските, еколошките, трансатлантските и човечките димензии на безбедноста.

Се очекува и годинава на Минхенската безбедносна конференција, преку дебатите на панелите да се адресираат можните решенија за најитните безбедносни предизвици во светот.

Слични содржини