Имено, Свифт и Џекмен претходно беа поврзувани со оваа правна драма, но сега, според достапните информации, би можеле и официјално да бидат повикани да сведочат. Извор близок до случајот изјавил за „Дејли Мејл“ дека поканите се очекува да бидат доставени веќе оваа недела, а Тејлор наводно веќе чека официјално известување. Хју Џекмен е вклучен во целата приказна поради неговото блиско пријателство и соработка со актерот Рајан Рејнолдс, со кој глуми во филмот „Deadpool and Wolverine“. Балдони претходно го обвини Рејнолдс дека го исмева во филмот „Дедпул“, а со оглед на поврзаноста на Рејнолдс со Џекмен, се очекуваше и тој да стане дел од правната сага.
„Хју ќе мора да сведочи ако случајот оди на суд. Нема шанси да се извлече од тоа,“ рекол изворот.
Претходно медиумите објавија дека Блејк Лајвли и се извинила на Тејлор Свифт за нејзината вмешаност во конфликтот со Балдони. Имено, во својата тужба, вредна 400 милиони долари, Балдони тврди дека Лајвли ја искористила популарноста на Тејлор за дополнително да ја консолидира контролата врз продукцијата на филмот „I Ends With Us“. Песната „My Tears Ricochet“ од албумот на Тејлор Folklore беше искористена во официјалниот трејлер за споменатиот филм.
За потсетување, Блејк Лајвли беше првата што поднесе тужба во декември минатата година, тврдејќи дека Балдони водела „кампања за оцрнување“ против неа, со обвинувања за сексуално вознемирување за време на снимањето на „Тоа завршува со нас“.
Балдони одговори со противтужба за клевета, барајќи отштета од 400 милиони долари. Тужбата е насочена не само против Лајвли, туку и против Рајан Рејнолдс и угледниот The New York Times, кој објави опширен напис за нејзините наводи.