Текстилен кластер: Очекуваме субвенции за плати и во месец јануари

Очекувања за државна помош и во јануари, имаат од текстилниот кластер. Претседателката, Маријана Пековска, посочи дека тесктилниот сектор е неизвесен, особено за компаниите кои зависат од тоа да бидат брзо донесени одлуките за петтиот пакет економски мерки

„Очекувањата на компаниите беа дека по некој автоматизам поддршката ќе продолжи и во јануари. Не знам колку тоа временски ќе можат да го издржат компаниите? Навистина секојдневно во Кластерот се јавуваат компании, коишто најавуваат неможност да опстанат, потреба од затварање, а знаете дека секое производство многу лесно се затвара, а тешко се рестартира. Рестартирањето на текстилната индустрија скоро и да нема да може да e возможно. Така да секое пролонгирање на поддршката на компаниите има негативни реперкусии“, истакна претседателката, Перковска.

Исто така, вели и дека до Владата доставиле и свои предлози, а за дел од критериумите кои се дадени за добивање на државната помош не одат во прилог на текстилниот сектор.

„Таму беше назначено, како услов и 30 % од падот на приходите, но кај трудоинтензивните гранки 30 % пад, значи затварање на компаниите, помалку или повеќе. Затоа што оние кои работат лон производство, пад од 30 % е навистина катастрофално“, потенцираше Перковска.

Меѓудругото, таа смета дека во моментов, македонските текстилни, но и останатите трудоинтензивни гранки мора да преживеат, имајќи предвид дека во земјите во ЕУ, каде што извезуваат има затварање на молови, бутици и низа на заштитни мерки. Сметаат дека со имузниацијата на населението на пазарите, каде ги пласираат производите ќе се вратат во нормални текови,а очекувањата се до средината на 2021 година.

Слични содржини