Телефонот на Болдвин предаден на полицијата за истрага

од Vladimir Zorba

Американскиот актер Алек Болдвин (63) им го предал мобилниот телефон на истражителите на убиството што се случи на крајот на октомври 2021 година на сетот на филмот „Rust“ во Ново Мексико.

Иако полицијата на почетокот на неделава објави дека Болдвин не соработува во истрагата, шефот на њујоршката полиција синоќа потврди дека актерот го донел мобилниот телефон во полициската станица во близина на неговата резиденција, пренесе Ројтерс.

Медиумите јавуваат дека истражителите планираат да ги проверат мејловите, текстуалните и гласовните пораки поврзани со убиството што се случи на 21 октомври 2021 година, за време на снимањето на филмот кога директорката на фотографија Халина Хачинс беше убиена од истрел од пиштол, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

„Нема да најдат ништо во мобилниот телефон. Нема (валидни) одговори на тој уред. Алек не направи ништо лошо“, изјави неговиот адвокат Арон Даер, пренесе Танјуг.

Слични содржини