Телефонски разговор меѓу Ердоган и Путин: Турција заинтересирана за руската вакцина

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објавил дека разговарал телефонски со неговиот руски колега Владимир Путин по прашањето за увоз на руската вакцина против коронавирус.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги набљудуваме резултатите од употребата на вакцини и се надевам дека наскоро ќе можеме да ги користиме во големи размери во нашата земја“, изјавил Ердоган.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија бил одржан на 24 ноември, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата во развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да организира производство на вакцината „Спутник 5“ во турските фабрики за производство на лекови.

На 11 август, Министерството за здравство на Русија ја регистрирала првата вакцина во светот за спречување на Ковид-19. Вакцината „Спутник 5“ е развиена од Центарот за наука за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Слични содржини