Телефонски разговор на Путин и Ердоган за билатералните односи и Сирија

од Maja Serafimova

– Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараа за билатералните односи и за ситуацијата во Сирија, се наведува во соопштението на администрацијата на турскиот лидер.

– Разговорите беа фокусирани на билатералните односи и регионалните прашања, пред сè на ситуацијата во Сирија, се додава во соопштението.

Путин и Ердоган се сретнаа на 22 октомври во Сочи за да се договорат за меморандумот за заеднички акции за решавање на ситуацијата во североисточна Сирија.

Според договорот, руската воена полиција и сириските граничари се распоредени на 23 октомври во области што граничат со Русија.

Курдските единици го завршија повлекувањето на своите сили на 29 октомври.

Слични содржини