Телефонски разговор Трамп-Путин: Двајцата лидери зборувале за начинот за справување со пандемијата

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, разговарале по телефон за најгорчливите прашања во светот: ширењето на коронавирусите и состојбата на пазарот на нафта, соопшти Кремљ.

За време на разговорот, Путин и Трамп изразиле загриженост за степенот на ширење на короната во светот. Двајцата водачи „меѓусебно се информираа за мерките преземени во САД и Русија за борба против оваа закана“.

Според Кремљ, двајцата лидери разговарале и за поблиска соработка во борбата против пандемијата на вирусот. Тие разговарале и за ситуацијата на пазарот на нафта.

Двајцата претседатели се согласиле да продолжат консултациите на ниво на министри за енергија за состојбата во оваа област, како и за продолжување на личните контакти.

Разговорот бил инициран од американската страна.

Слични содржини