Телефонски разговор Заев-Курти: Неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска остварил телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.

Во разговорот заеднички било заклучено дека и Република Северна Македонија и Косово доста добро се справиле со кризата предизвикана од коронавирусот. 

Претседателот Заев нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани. 

„Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочил Заев, додавајќи дека се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово. 

Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот Заев истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

Слични содржини