Telegram за прв пат достави податоци за корисници до властите

од Vladimir Zorba
21 прегледи

За прв пат во својата историја, Telegram предаде податоци за корисници на апликацијата на властите. Холандското јавно обвинителство соопшти дека за прв пат добило информации за осомничени за криминал.

Telegram во последните недели достави податоци за дваесет кривични случаи поврзани со трговија со оружје, трговија со дрога и нелегални содржини во кои се вмешани малолетници. Платформата исто така помогна да се отстрани несоодветната содржина.

Претходно, Telegram едвај одговараше на кое било судско барање за отстранување на нелегална содржина. Поради несоработка на компанијата, властите покренаа истрага, а извршниот директор на Telegram, Павел Дуров беше уапсен во Франција. Подоцна плати кауција од 5 милиони евра и беше пуштен на слобода.

Портпаролот на холандското Јавно обвинителство рече дека се „многу задоволни“ што Telegram соработува, но останува да се види дали станува збор за вистинска промена или „ова се изолирани инциденти“.

Слични содржини