Македонски Телеком информира дека по регистрираните повици во текот на денов од непознати дестинации кон нивни корисници, а кои имале цел да генерираат непотребен сообраќај, веднаш презеле безбедносни мерки, ги блокирале непознатите броеви и го оневозможиле бирањето кон тие дестинации. Апелира корисниците да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.

– Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај. За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци, соопшти Македонски Телеком.

Голем број граѓани, на социјалните мрежи и кај операторите, информираа за телефонски повици од непознати странски броеви.

Слични содржини