Телјор Свифт призна: Мајка ми се соочува со тешка болест, не знам што ќе биде

Пејачката Тејлор Свифт призна дека нејзината мајка Андреа се соочува со тешка дијагноза, пишува People. Во инервју за Variety, Тејлор рекла дек ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот, а сега започнала со лекување.

– Секој ја сака својата мајка и на сите им е важна. За мене, таа е извор на сила. Сите одлуки кои ги донесувам таа ги знае прва. Тешко е воопшто да се зборува за нејзината болест – рекла пејачката.

– Оди на хемотерапија и тоа за една личност е доволно тешко. Ова е втор пат да има тумор на мозокот. Ова е навистина тежок период за целото семејство – додала Тејлор.

Поради болеста на мајка си, Свифт оваа година има пократок распоред на турнеи кои треба да започнат по издавање на новиот албум „Lover“. Таа објаснила дека поради моменталната состојба би сакала да помине што е можно повеќе време со својата мајка.

– Мислам, не знам што ќе се случи. Не знаеме кој третман ќе и биде одобрен – рекла таа.

– Морам да научам да се носам со сериозноста на болеста во своето семејство. И двата мои родители заболеа од рак, а мајка ми сега повторно се бори. Таа ме научи дека постојат вистински проблеми, па се останато. Ракот на мојата мајка сега е вистински проблем. Порано бев толку загрижена за секојдневните подеми и падови. Сега целата моја грижа, стрес и молитви ги давам само на вистинските проблеми – заклучила пејачката.

Слични содржини