„Телма“ – филм кој руши бариери

од Vladimir Zorba

Филмот на режисерот Јоаким Трир „Телма“ е визуелно остварување исполнето со симулирани реалности кои ја поврзуваат метасостојбата на битието и ефектот на реалното врз индивидуата. Норвешкиот режисер до сега е познат по актуелизирање на социјални теми, ако се земе во предвид филмот „Осло, 31-ви август“ што го освои филмското гледиште во 2011 -та година. Овој пат режисерот не отсликува социјална панорама, туку дава осврт кон духот и развојот на поинаквото во еден општествен контекст. Справувањето со човековата природа како и во „Осло“ така и во „Телма“ ја става во перспектива различноста, табуата кои не можат да се синхронизираат со нормалното и општоприфатено однесување.

Филмот „Телма“ опишува живот на семејство, интелктуалци што се соочуваат со несекојдневна психолошка состојба на ќерката поврзана со традицијата и толкување на егзорцизмот. Трир не ја исклучил религиската, ортодоксна бариера, која мозаично ја разрешил со современите тенденции на младите луѓе, поврзани со сексуалноста и експериментот на осознавање. Перцепцијата на „Телма“ е игра со визуелни и монтажни решенија кои даваат чувство на тензичност и страв. Нелинерната нарација се користи во сегменти на портретирање на внатрешната состојба и реалноста, што го прави филмот енигматична загатка./Вероника Камчевска

Филмот беше прикажан на Скопje филм фестивал

ТЕЛМА

Norway, 2017, 116 min.

Режија/Director: Joachim Trier

Улоги/Cast: Eili Harboe, Kaya Wilkins, Henrik Rafaelsen, Ellen Dorrit Petersen

Сценарио/Screenplay: Joachim Trier, Eskil Vogt

Кинематографија/Cinematography: Jakob Ihre

Продуценти/Producers:  Thomas Robsahm

Музика/Music: Ola Flottum

Фестивали/Festivals: Toronto  FF, Stockholm FF, London FF, Norwegian IFF, Chicago FF, Zagreb FF, Film Fest Gent

 

Слични содржини