Тело на маж пронајдено кај Ада Хуја, постои сомневање дека се работи за Матеј Периш

од Stefanija Kuzmanovska

Телото на засега непознато машко лице е пронајдено утрово кај Ада Хуја, а поради гардеробата која била забележана на него, постојат одредени сомнежи дека се работи за исчезнатиот Матеј Периш.

Според првите информации телото го пронашле морнари кај Ада Хуја, а белградските медиуми објавија дека на него не е воочена една патика.

Дежурниот заменик виш јавен обвинител во Белград изврши увид на лице место и нареди обдукција, токсиколошки и ДНК анализи со кои ќе се утврди идентитетот на засега неидентификуваното лице, како и причината за смртта.

Да потсетиме, Сплитчанецот исчезна кон крајот на декември минатата година, а по него интензивно трагаа полициските служби.

Слични содржини