Тело на маж вечерва извлечено од Вардар

од Nikola Popovski

Денеска, нешто пред 16 часот во близина на селото Миравци, во Вардар, додека две лица, местеле мрежи во реката, едниот паднал и го снемало во водата, пренесе порталот Centar.mk.

По неколку часовно пребарување од страна на надлежните служби, нешто пред 20 часот, мажот на возраст од 55 години е пронајден мртов од страна на жителите на селото и неговото тело е извлечено од водите на Вардар.

Лекар констатирал смрт, а врз телото ќе биде извршена и обдукција.

Повеќе детали се најавени за утре.

Слични содржини