Тело на починат оживеа и стана од маса: Шокантно ВИДЕО од мртовечница

од Nikola Popovski

На руските социјални мрежи се појави снимка од надзорна камера од мртовечница, на која се гледа тело на маж покриен со чаршаф, како во еден момент „оживува“ и станува од масата.

Засега се знае за снимката дека е од Твер, град на запад од европскиот дел на Русија и дека оригиналната снимка е објавена анонимно на канал на Телеграм.

Вработените во мртовечницата Твер не ја потврдија информацијата за „оживеаниот труп“.

„Веројатно се работи за монтажа“, соопштиле од мртовечницата на тамошната болница.

„Неколку пати нѐ бараа за ова. Нема никаква врска со нас“, истакнале од Заводот за вештачење во мртовечницата.

„Видеото е лажно. Собата на видеото, која наводно е една од собите од мртовечницата во Твер, не изгледа така. Во Твер нема мртовечници слични на онаа што се појавува на видеото“, коментираат од руското Министерство за здравство, пренесува „Red State Nation“.

 

Слични содржини