Темелковки: Огнот во кругот на ОХИС е под контрола

од Vladimir Zorba

Огнот во кругот на ОХИС е под контрола, соопшти градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.

Вели дека од запалена сува трева огнот го зафати објектот на управната зграда на фабриката Биљана, а противпожарните единици на град Скопје го локализираа пожарот и состојбата е под контрола.

Не постои никаква опасност од натамошно ширење на огнот. Да бидеме одговорни и со однесувањето и со известувањето, истакна Темелковски.

Слични содржини