ТЕМНАТА СТРАНА НА МАЕСТРО: Објавен постхумниот албум на Енио Мориконе

од Vladimir Zorba

Посхумниот албум со музика од големиот композитор Енио Мориконе, кој почина на 6 јули на 92-годишна возраст, ќе излезе на 6 ноември.

Колекцијата наречена „Morricone Segreto“ ќе содржи седум досега необјавени композиции напишани од Мориконе од доцните 1960-ти до раните 1980-ти.

Исто така, на овој албум, со вкупно 27 композиции, ќе има некои од неговите помалку познати филмски теми.

Во најавата, ова издание е опишано како „скриената, темна, психоделична страна на маестро“, со зборовите дека ексцентричниот дел од неговата личност допрва ќе се открива.

loading...

Слични содржини