Темната страна на секој хороскопски знак!

од Vladimir Zorba

Лавовите се шармантни, но површни, Рибите се креативни, но и нереални… а вие?

Овен

Родените во знакот Овен се полни со енергија, страсни, амбициозни и со силна волја. Тие многу брзо ја шират својата силна енергија на луѓето околу нив. Тие се самоуверени и храбри.

Негативната страна на нивната личност е тоа што имаат „краток фитил“ па лесно пламнуваат, стануваат раздразливи, непријатни, па дури и агресивни. Тие се особено „алергични“ ако работите не одат како што замислиле. Исто така, тие не се склони да слушаат што зборуваат другите луѓе, но затоа сакаат многу да зборуваат.

Бик

Биковите се многу стабилни луѓе, посветени на партнерот и семејството, а тоа е најважното нешто во нивниот живот. Кога ќе кажат нешто, можете да бидете сигурни дека ќе си го одржат зборот, а тајната ја чуваат како „очи во глава“.

Но, нивната слаба страна на личноста е силно изразената тврдоглавост. Покрај тоа, тие можат да бидат многу посесивни во љубовните врски.

Близнаци

Припадниците на овој знак, како и обично, се на две страни. Тие се дружељубиви, отворени за забава, весели и авантуристички настроени …

Но, нивната темна страна често доаѓа до израз – површност во врските, себичност и склоност кон непромислено одлучување. Не е невообичаено да се анксиозни и депресивни.

Рак

Раковите се многу грижливи и нежни души. Тие се верни и посветени на луѓето што ги сакаат. Тие знаат да слушаат и да сочувствуваат со другите.

Од друга страна, нивните емоции често се претерани, што предизвикува да паднат во меланхолично расположение. Тие имаат тенденција погрешно да разбираат некои работи, а недостаток им е тоа што се премногу зафатени со сопствениот живот.

Лав

Лавовите се многу шармантни поединци, социјални, забавни и со добра предиспозиција да станат лидери.

Но, нивната слаба страна е што не се тимски играчи, а можат да бидат премногу склони кон драма, театралност и фалење. Често се површни во врските.

Девица

Познато е дека Девиците се ориентирани кон деталите, многу трпеливи и талентирани во изнаоѓање решенија.

Сепак, знаат да претеруваат во анализите и критиките, па светот околу нив го сфаќаат премногу сериозно, поради што често се однесуваат ладно и непријатно.

Вага

Припадниците на овој знак се љубезни луѓе кои се најсреќни кога се околу нив е убаво и хармонично. Тие се среќни да им помагаат на другите и се дарежливи кога немаат потреба.

Но, Вагите се многу неодлучни, поради што можат да си го комплицираат животот на себе и на другите. Исто така, тие често се непрактични и површни во врските.

Шкорпија

Нивните најдобри квалитети се неодоливи за оние кои ги разбираат. Тие се духовити и имаат саркастична смисла за хумор. Тие се страсни, независни и снаодливи.

Сепак, тие имаат и свои негативни страни – можат да бидат манипулативни и одмазднички.

Стрелец

Стрелците се многу страсни, забавни, безгрижни и авантуристи. Сакаат друштво и упорни се во остварувањето на своите цели.

Она што го прави нивниот карактер мрачен е тоа што понекогаш се премногу огнени и непредвидливи. Понекогаш на луѓето им е тешко да ги разберат, па ги доживуваат како непријатно друштво.

Јарец

Родените во овој знак се многу вредни и ориентирани кон успех. Тие се способни да работат дење и ноќе на патот кон материјалната благосостојба. Тие се многу интелигентни и вешти во работата.

Од друга страна, токму таа желба да се остварат соништата често ги претвора во луѓе претерано посветени на работата, па знаат да ги запостават семејството и пријателите. Исто така, нивниот недостаток е тоа што не се склони да слушаат или прифаќаат туѓи идеи.

Водолија

Припадниците на овој знак се пријатни за дружење. Сакаат да патуваат и да запознаваат различни култури и луѓе. Ги интересираат многу работи и знаат да уживаат во животот.

Лошата страна на нивниот карактер е недостатокот на длабочина во односите со другите луѓе, па дури и со членовите на семејството. Тие често се емоционално многу недостапни.

Риба

Рибите се многу креативни по природа, дури се сметаат за најкреативниот знак во Зодијакот. Нив ги красат и длабоки емоции и сензибилитет.

Негативната страна на нивната личност е тоа што знаат да талкаат во светот на имагинацијата до тој степен што го губат контактот со надворешниот свет и реалноста, како да живеат во облаци.

Слични содржини