„Темпирана бомба која зависи од смртта на кралицата“: Хари потпиша договор за четири книги

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари потпиша профитабилен договор за четири книги – со услов втората да излезе дури по смртта на кралицата Елизабета Втора (95), пишуваат британските медиуми.

Во вестите што сигурно ќе ја вознемират Бакингемската палата, упатени лица во индустријата рекоа дека „Исповед за сè“, која Хари ја претстави на почетокот на оваа недела, е само „врв на ледениот брег“.

Изворите рекоа дека војводата од Сасекс ја надгледувал аукцијата преку Интернет и им рекол на издавачките куќи да започнат со 18 милиони фунти, а конечната бројка може да достигне вртоглави 29 милиони фунти, што е близу 34 милиони евра.

Договорот прецизира дека Хари ќе ги објави мемоарите следната година, додека втората книга ќе биде „во мирување“ сè до нејзината смрт.

„Тој ги водеше преговорите – имаше став земи или остави“, рече извор во издавачката индустрија.

„Неговата почетна цена беше 25 милиони долари (18 милиони фунти), а крајната сума беше поголема од тоа, можеби дури и 35-40 милиони долари (25-29 милиони фунти). Учесниците на аукцијата всушност беа многу шокирани од неговиот пристап Луѓето ќе почнат да се прашуваат, што знае тој, на кого ќе цели? Самата идеја за оваа темпирана бомба, која зависи од смртта на кралицата, е неверојатна и на многумина им се чини дека е замислена со голема доза на лош вкус“, рече изворот.

Слични содржини