Тен Хаг ги откри причините за слабиот старт на сезоната и зошто го казнил тимот

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги откри причините за слабиот старт на сезоната на тимот во англискиот фудбалски шампионат.

„Црвените ѓаволи“ ги загубија првите два натпревара во Премиер лигата од Брајтон и Брентфорд и се на второто место на табелата, а вечерва на „Олд Трафорд“ му гостува на вицешампионот Ливерпул, кој исто така е без победа по двете реми досега.

„Имавме добра претсезона, но тогаш нашиот број 9, Антони Марсијал се повреди, а Кристијано Роналдо не беше подготвен. Ни недостигаше и дефанзивен играч за врска, што ни требаше. Во првиот натпревар двајца централни бекови кои не играа заедно, започнаа како стартери а исто така и нашиот голман не одигра добар натпревар. Затоа – има причини, но ќе ги поправиме. Нашите резултати ќе се подобрат. Покажавме дека можеме на тренинзите“, изјави Тен Хаг, цитиран од британските медиуми.

По понижувачкиот пораз од Брентфорд од 0-4, менаџерот ги натера играчите на казнен тренинг со трчање од околу 14 километри.

„Одлуката ја донесов веќе во текот на натпреварот кога го видов настапот на играчите. Тоа не е стандард на Манчестер Јунајтед и тоа не е мој стандард. Морам да ги сменам работите. Сите треба да разберат што е потребно за да го носат овој дрес и да го прифатат. Се надевам дека играчите се лути, но лути на себе и на своите соиграчи што не го направиле она што е потребно. Кога ќе сфатат дека не даваат доволно за тимот, ќе го сменат ставот, работите ќе тргнат. Секој менаџер има барања и тоа е нормално. Должност на играчите е да ги почитуваат, да се борат и да дадат 100 проценти за тимот“ додаде стручњакот.

Слични содржини