Тен Хаг: Од следната недела резултатите ќе бидат важни

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег е задоволен од она што неговите играчи го покажаа во предсезоната. Тимот ја заврши својата кампања со реми 1-1 против Рајо Ваљекано на „Олд Трафорд“, завршувајќи ја својата кампања со три победи, две нерешени и само еден пораз.

„Ние напредуваме и тоа е добро, но има толку многу работи што треба да се подобрат. Од следната недела резултатите ќе бидат важни“, изјави Тен Хаг.

Следната недела, Јунајтед му гостува на Брајтон во натпревар од првото коло во Премиер лигата.

„Генерално, задоволен сум од подготовките, добро се снајдовме, но мора да продолжиме вака. Ова е процес кој трае во текот на целата сезона“, додаде стручњакот.

Холанѓанецот го пофали и младиот напаѓач Алехандро Гарначо. Против Рајо, 18-годишниот Аргентинец играше лево крило и се истакна со неколку добри настапи: „Сакаме да им дадеме шанса на младите кои ја заслужуваат. Добро се снајде денес“.

Слични содржини