Тен Хаг пред дуелот Ливерпул: Можете да зборувате за филозофија кога ги имате основните нешта

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, имаше уште една турбулентна недела на чело на клубот, откако „црвените ѓаволи“ претрпеа понижувачки пораз од 4-0 на гостувањето кај Брентфорд минатиот викенд. Тоа беше и втор од почетокот на сезоната, откако ја отворија со пораз кампањата дома против Брајтон (1:2). Очекувано се интензивираа трансфер шпекулациите низ клубот кои не престануваат во текот на целото лето, а се очекува до крајот на неделата да потпише и дефанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Касемиро.

Сепак, Тен Хаг има исклучително тешка задача во понеделник навечер, кога неговите играчи ќе треба да му гостуваат на големиот ривал Ливерпул на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот пред овој натпревар одговори на многу жешки теми околу тимот.

„Мислам дека бев јасен кога кажав дека дефинитивно не сум задоволен од играта против Брентфорд. Можете да зборувате за фудбалска филозофија, но прво треба најосновните работи да бидат како што треба. Тоа започнува со правилен став, имајќи борбен дух на теренот. Не го видов тоа кај нас, но треба да го има на секој натпревар. Сè започнува од себе, со правилата и напорната работа. Ако го направите тоа, ќе стекнете самодоверба. Не е тешко да се мотивира овој тим, тие добро работат на теренот за тренинг од почетокот на сезоната“, коментираше тренерот за она што се случи минатиот викенд.

Тен Хаг потоа зборуваше за големото дерби во понеделник во 21 часот против Ливерпул.

„Го знам ривалството, но мораме да победуваме на секој натпревар, а особено на овој. Секоја борба е различна, но филозофијата и планот ќе бидат исти. Работиме натпревар по натпревар, свесни сме што се случува кога ќе се соочиме со овој противник, особено кога сте Манчестер Јунајтед, па мораме да бидеме подготвени“, објасни Холанѓанецот.

Тој потоа ги коментираше тековните шпекулации околу името на Кристијано Роналдо, кој и понатаму е во центарот на вниманието на медиумите во Англија.

„Не знам зошто се уште е во фокусот по натпреварот во сабота. Тоа беше настап на сите, став на целиот тим, вклучително и неговиот. Тој е во нашите планови. Касемиро? Не можам да ви кажам ништо“, рекол менаџерот.

Конечно, од Ерик тен Хаг беше побарано накратко да коментира уште еден протест на навивачите на Манчестер Јунајтед против сопствениците на тимот, семејството Глејзер. Се очекува барем дел од „Олд Трафорд“ да биде празен во првите минути од натпреварот.

„Единствено што можам да кажам е дека сопствениците сакаат да победуваме. Сакам и навивачите да бидат зад тимот. Не сум доволно долго во клубот за да ја знам целата приказна, но мора да се бориме заедно“, заклучи холандскиот тренер.

Слични содржини