Тен Хаг: Роналдо има иднина во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо „се уште има иднина“ во клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.

Синоќа Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1 во натпревар од третото коло на Премиер лигата, а Роналдо влезе во игра дури на крајот од натпреварот.

„Мислам дека Роналдо може да се прилагоди на мојот систем на игра. Во кариерата играше под многу менаџери и секогаш успеваше да се адаптира. Зошто не сега. Верувам дека Роналдо има иднина во овој клуб“, изјави Тен Хаг, кој додаде дека годините на Роналдо „не се проблем“.

Роналдо (37) го пропушти најголемиот дел од претсезонските тренинзи на Манчестер Јунајтед, бидејќи наводно сакал да го напушти клубот од „Олд Трафорд“, незадоволен од амбициите и трансфер политиката на „црвените ѓаволи“.

Португалскиот фудбалер има договор со англискиот клуб до јуни следната година.

Слични содржини