Тен Хаг: Сакаме да го освоиме секој турнир, таков е менталитетот на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ја даде својата традиционална прес-конференција пред утрешната пресметка на тимот со Реал Сосиедад, која е деби за двете екипи од овогодинешното издание на Лига Европа. Тој изјави дека клубот многу сериозно го сфаќа овој натпревар, бидејќи сака да победи не само на секој натпревар, туку и на секој турнир на кој учествува.

Холанѓанецот, исто така, уште еднаш зборуваше дека е задоволен од својот тим, а секој играч ќе добие време за игра бидејќи, за кратко време, има премногу натпревари.

„Мораме да победуваме на секој натпревар како и на секој турнир, па затоа ги сфаќаме работите сериозно. Тоа е менталитетот што му треба на Манчестер Јунајтед. Немаме само стартен тим, туку цел тим. Можеби не се сите задоволни од одлуките на поединечни натпревари, но ќе добијат минутажа ако се претстават добро. Како што реков, ни требаат сите бидејќи имаме многу натпревари. Роналдо? Почна против Брентфорд, но потоа беше оставен на клупата. Сепак, тој е подготвен и може да започне на секој натпревар. Тимот се развива и се подобрува, но за играчите кои не се во тимот ќе кажам дека во секој момент можат да влезат на местото на оние кои се меѓу стартерите. Ни требаат повеќе од 11 играчи, но задоволен сум од целата група што ја имаме“, изјави Холанѓанецот.

Тогаш Тен Хег беше прашан дали Антони Марсијал ќе биде достапен за утрешниот натпревар, како и коментар за формата на Маркус Рашфорд од почетокот на сезоната, кој го презеде врвот на нападот и забележа 3 гола и 2 асистенции до сега.

„Марсијал напредува, но се уште не е подготвен за игра. За Рашфорд ми е тешко да зборувам за минатото. Она што го гледам е дека е среќен. Работевме навистина напорно во последните два месеци со него на различни аспекти од играта. Тој е среќен со тоа и сака да гo покаже на теренот. Тој доаѓа на тренинзи среќен, ужива и има позитивен став и ако сето тоа го ставите заедно, кога сте среќни, носите повеќе во вашиот тим. Дефинитивно тоа е во моите долгорочни планови. Неговиот договор не е истечен и мислам дека Манчестер Јунајтед ја контролира ситуацијата околу неговиот нов договор“, прокоментира поранешниот тренер на Ајакс.

Слични содржини