Тен Хаг: Целото внимание беше насочено кон Кристијано, што не е во ред

од Vladimir Zorba

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег ја одржа својата прес-конференција пред почетокот на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ започнуваат во недела во 15:00 часот кога му гостуваат на Брајтон, кој му нанесе импресивен пораз од 4-0 на 20-кратниот шампион минатата година, но Холанѓанецот рече дека гледа во иднината.

„Минатата сезона заврши. Гледам напред и го подготвувам тимот за иднината. Секогаш е тешко кога ќе пристигнете во нов тим, но со нетрпение го чекам натпреварот во недела. Тие се добар тим и играат атрактивен фудбал, ми се допаѓаат. Сакам да победувам на секој натпревар и ќе се обидеме да го направиме тоа во недела“, започна тренерот.

Тој потоа беше нападнат со прашања за Кристијано Роналдо, кој не се појави на предсезонскиот тренинг на тимот и учествуваше само во последната проверка кога повторно предизвика контроверзии со заминувањето пред крајот на натпреварот. Тој сепак може да биде почетна опција во недела, бидејќи Ентони Марсијал се здоби со повреда.

„Ќе видиме дали Кристијано ќе биде стартер во недела. Многу играчи си заминаа рано, но рефлекторите беа насочени кон него, што не е во ред. Тешко е да се каже колку долго ќе паузира Марсијал, се надевам дека нема да биде предолго“, ја коментираше ситуацијата во врвот на нападот Тен Хаг.

Потоа мораше да одговори на прашања за тековното составување на тимот, досегашниот избор и што би можело да се случи оттука до крајот на месецот.

„Би било добро да ги завршевме трансферите, но задоволен сум од тимот и од досега привлечените играчи. Генерално, работиме на тоа. Ни требаат вистинските играчи. Ни треба конкуренција во тимот бидејќи влегуваме во долга сезона со многу натпревари. Ни требаат многу добри играчи. Ериксен и Мартинез се подготвени да го започнат натпреварот. Де Јонг? Не можам да коментирам фудбалери кои имаат договори со други клубови, но кога ќе има вести, ќе објавиме“, заклучи Тен Хаг.

Слични содржини