Тен Хаг: Убеден сум дека ќе освојам титула со Јунајтед, успевав секаде

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, зборуваше за целите на „црвените ѓаволи“ и можностите за освојување на титулата пред натпреварот од 2. коло на Премиер лигата против Брентфорд (денеска – 18.30 часот).

– Убеден сум дека ќе успеам, успеав секаде – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед кој е убеден дека ќе ја врати славата на „Олд Трафорд“.

Но, веднаш првото коло од Премиер лигата ги врати навивачите на Јунајтед во суровата реалност. Поразот од Брајтон повторно беше разочарувачки, а неубедливиот преоден рок, отсуството на стратегија, отсуството на план… ја уништува вербата на навивачите.

Се чини дека ситуацијата се влошува со секој нов менаџер, наведува новинарот на „Скај Спортс“, но Ерик Тен Хаг уверува дека може и подобро.

– Ако седам тука четири години, прилично сум сигурен дека ќе имаме една титула. Не можам да барам трпение од навивачите, се надевам дека ќе бидат трпеливи, бидејќи сакаат победнички тим и затоа сум тука. Сепак, морам да ја донесам (титула). За тој процес е потребно време, така е како што е, изјави Ерик Тен Хаг.

Менаџерот на Јунајтед го кажа истото како и Јирген Клоп кога пристигна во Ливерпул. Германецот доби доволно време да ги одведе „црвените“ до победа, а Тен Хаг можеби нема да има толку среќа.

– Многу работи беа лоши на првиот натпревар. Почнувајќи од резултатот, но и од перформансите. Не бевме добри во многу работи. Тоа е нормално за почетокот на сезоната. Бевме добри на подготовките, но сега ни недостасуваат двајца играчи“, изјави Тен Хаг.

Холанѓанецот зборуваше и за Роналдо, Кристијан Ериксен, трансферите, но и за тоа дека е свесен колку голема задача има сега во Англија.

– Тоа е голем предизвик, тоа го знаевме и претходно. Потребно е време, а во фудбалот понекогаш немате време за толку голем предизвик. Пред десет години Јунајтед беше последен пат шампион… Враќањето на успехот е долгорочен процес – потребно е многу работа, добра стратегија, вистински луѓе и работа од ден на ден, заклучи Тен Хаг.

Слични содржини