Тенеси: Демонстрантите бараат построги закони за оружје од владата

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од илјада луѓе протестираа во Тенеси, барајќи од властите на таа американска држава да ги заострат законите за оружје по пукањето во училиште во Нешвил, во кое загинаа шест лица, меѓу кои три деветгодишни деца.

Претставниците на Републиканската партија во Тенеси оваа недела ја одложија расправата за законот кој треба да го прошири пристапот до огненото оружје, пренесе агенцијата АП.

Оваа американска сојузна држава ја олесни набавката на огнено оружје во последниве години и ја укина потребата од дозволи за носење скриен пиштол.

Напад на училиште

Одри Елизабет Хејл, осомничената за убиството на три деца и тројца возрасни во понеделникот во приватно основно училиште во Нешвил, легално купила вкупно седум огнено оружје, соопшти полицијата.

Хејл, поранешна ученичка на тоа училиште, била убиена во размена на оган со полицијата.

Засега нема официјални информации за можниот мотив за насилството кое се случи непосредно по почетокот на наставата во презвитеријанското училиште Ковенант, во кое учат речиси 200 деца од предучилишна возраст до шесто одделение.

Слични содржини