Тенискиот хаос во Мајами прерасна во општ бунт: Реагираше и Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Големиот тениски хаос не само што не стивнува, туку прераснува во општ бунт на тенисерите кон Здружението на тениски професионалци.

Имено, Канаѓанецот Васек Поспишил покренал голема бура на Мастерсот во Мајами, се однесувал целосно несоодветно на мечот против Меккензи Мекдоналд, а неговиот излив е главна тема во светскиот тенис.

Канаѓанецот ги повикал АТП, пред да се извини, а првиот тенисер во светот му испратил зборови на поддршка, а потоа и Хрватот Иво Карловиќ, кој застана на страната на ПТПА предводена токму од Новак Ѓоковиќ и Поспишил.

– Несреќа е она што се случи на теренот со Поспиѓил. Не бев на состанокот, но она што го слушнав од играчите кои беа таму, повеќе од јасно е дека на играчите им треба синдикат составен само од нив – напишал Карловиќ, со ознаката ПТПА, здружение засновано на иницијатива на Ѓоковиќ.

Идејата на Новак за формирање на ново Здружение на играчи беше првенствено идејата за подобар третман на послаборангираните играчи.

Овој предлог наиде на голем отпор од врвот, но не од сите. Однесувањето на Поспишил на теренот не беше предизвикано од „кражба“ на теренот, но, како што подоцна откри во јавноста, бил нервозен затоа што претседателот на АТП ден порано му викал час и половина и го навредувал на состанокот.

Неофицијално се шпекулира дека пред поголема група играчи, тој бил наречен „незнајко“ и „необразовано лице“, поради што наводно избегал во солзи.

Новак Ѓоковиќ јавно го поддржа својот пријател, но оваа акција на АТП разгневи многу тенисери …

Слични содржини